Холандската полиција пукала во маж во Амстердам во близина на Централна банка, по голема полициска акција.
Сведоците велат дека се слушнало пукање околу 19:15 часот по локално време.
Од полицијата велат дека примиле повеќе повици во врска со лице кое било наоружано. Кога осомничениот и се приближил на полицијата, тие пукале во него. Тој починал на местото на настанот, а исто така повреден е еден од случајните минувачи. За сега е нејасно дали мажот пукал кон полицијата.
_et_QvS-txM