Ирански патнички авион „Боинг 737“ на авиокомпанијата „Сепехран ерлајнс“ бил принуден да се врати на аеродромот во Машхад, откако, според првичните информации, кратко по полетувањето, пукнала гума, а авионот претрпел и оштетување на моторот.
Авионот летал кон Керманшах, но поради проблемот морал да се врати на аеродромот од кој полетал.
На снимките направени во внатрешноста на авионот се гледаат вознемирени патници во текот на драматичниот лет.
Засега нема информации за повредени патници или членови на екипажот.