Еден полицаец е убиен во пукањето во Њу Џерси, објави Њујорк Тајмс, како и тројца цивили и двајца напаѓачи. Инцидентот го направиле две лица кои почнаа да пукаат во една продавница. Осомничените напрво пукале кај гробиштата, по што побегнале во супермаркетот кадешто земале заложници и ги држеле четири часа.
Бројни полициски сили ја блокираа областа околу супермаркетот крај реката Хадсон. Пет лица – три цивилни жртви и двајца вооружени напаѓачи – се прогласени за мртви на местото на настанот, во ванрешноста на продавницата, изјави полицискиот службеник Мајкл Кели.
Стотици истрели биле застрелани во размената на оган, а двајцата напаѓачи дејствувале одделно, додаде тој.
фото: Wall Street Journal