Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Путин повторно се сретна со Кинезот кого го фотографираше како дете пред 26 годин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library0cfdhfkfusrndpoI35f
Илустрација / Скопје1

Рускиот претседател Владимир Путин повторно се сретна со кинескиот инженер Пенг Пај, кого првпат го запознал пред 26 години за време на неговата прва претседателска посета на Кина.

По прегратката при средбата, Путин му порачал на Пенг дека може да ја посети Русија „во кое било време“, на што кинескиот инженер одговорил: „Сигурно ќе дојдам“.

— реклама —

Нивната прва средба се случила во 2000 година во паркот Беихај во Пекинг, кога Пенг бил дете.

Во претходно интервју, Пенг се присетил дека Путин тогаш го подигнал од оградата за да се фотографираат заедно.

„Сакам да му кажам на претседателот Путин дека и денес е шармантен како тогаш, додека јас од дете станав полничок средовечен човек“, изјавил Пенг во видео објавено од кинеските државни медиуми.

— реклама —

Тој додал дека никогаш не можел да замисли дека повторно ќе има можност да се сретне со рускиот претседател.

„Пред да се разделиме, нежно ме бакна во челото. Тоа се сцени што и денес јасно ги паметам“, раскажал Пенг.

— реклама —

Минатата година рускиот државен медиум „Раша тудеј“ на кинеската социјална мрежа „Веибо“ објави потрага по момчето од фотографијата од 2000 година.

Објавата брзо стана вирална, а Пенг бил пронајден неколку дена подоцна.

Во меѓувреме тој станал инженер и магистрирал на универзитет во Москва.

За кинеските медиуми изјавил дека токму кратката средба со Путин делумно влијаела врз неговата одлука да студира во Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ilon-mask-1

Путин: Илон Маск е вистински гениј

Свет | пред 12 часа

— реклама —
zelenski-putin

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва

Свет | пред 1 ден

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин: Обвинувањата дека Русија поттикнува немири во Европа се претерани

Свет | пред 3 дена

677z381_677z381_677z381_677z381_Vladimir-Putin-ANVAS025

Путин: Источна Украина е историски руска територија, подготвени сме за преговори - безбедноста на Европа мора да е дел од договорот

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања