Рускиот претседател, Владимир Путин, му подари руски сладолед на кинескиот лидер Си Џинпинг за роденден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Тас“.
„Претседателот ја пофали улогата на Џинпинг во развојот на билатералните односи и укажа на неговата неодамнешна успешна посета на Русија“, рече Песков.
Џинпинг му се заблагодарил на рускиот претседател, додавајќи дека Путин е многу популарен во Кина.
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го прославува својот 66-ти роденден.
t9F-_p-z4LI