Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВИДЕО: Ракетите кои ги лансираше Северна Кореја се предупредување за Трамп, вели Ким Џонг-ун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
image

Северна Кореја соопшти дека лидерот Ким Џонг-ун надгледувал демонстрација на новоразвиените балистички ракети од среден дострел, за кои изјавил дека ќе бидат „адекватно предупредување“ за Соединетите американски држави и за Јужна Кореја, по повод нивните заеднички воени вежби.

— реклама —

Соопштението го објави Централната новинска агенција еден ден откако јужнокорејската војска соопшти дека нејзиниот северен сосед испукал две ракети коишто паднале во морето.

— реклама —

Вчерашното гаѓање беше четвртата проба на оружјето во Северна Кореја за помалку од две недели.

Експертите велат дека тестирањето би можело да се засили, освен ако не се направи чекор напред во нуклеарните преговори со САД.

Севернокорејска новинска агенција објави дека две ракети биле испукани од аеродромот на западната страна и дека прелетале над Пјонгјанг, пред да ја погодат целта на источниот брег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања