Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Распродал арена, но го прогонува едно прашање: „Што ако не бидам смешен?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-library25fqto7sgmc47V8ZcGM

Стендап-комичарот Стефан Николовски призна дека, и покрај големиот интерес за неговите настапи и распродадената арена „Борис Трајковски“, пред секое излегување на сцена се соочува со истиот страв – што ако публиката не се смее?

Во гостувањето во „Претрес со Ландов“, Николовски откри дека успехот и искуството не ја отстрануваат неизвесноста која ја чувствува пред настап.

— реклама —

Кога водителот Кристијан Ландов директно го праша што ќе се случи ако не биде смешен пред илјадници луѓе, комичарот призна дека нема одговор.

„Тоа е прашањето што секогаш си го поставувам. Пред секој стендап си го поставувам. А што ако не бидам смешен? Реално, немам одговор на тоа прашање“, рече Николовски.

Тој објасни дека се обидува да го надмине притисокот така што однапред го замислува крајот на настапот, кога публиката се смее и сите заминуваат задоволни.

— реклама —

„На еден стендап-комичар најголемата ноќна мора му е да не биде смешен“, истакна Николовски.

Призна дека во кариерата имал и настапи кои не поминале онака како што очекувал, но дека реакцијата на публиката има пресудно значење за неговата енергија на сцената.

— реклама —

Според него, доволно е да слушне смеење од публиката за да добие дополнителна инспирација и да почне спонтано да создава нови шеги.

Николовски откри и дека сам ги пишува своите стендап-текстови, но често ги тестира пред блиски луѓе и колеги, чии реакции му помагаат да го подобри материјалот.

Иако настапите во арената претставуваат еден од неговите најголеми професионални предизвици, Николовски не го крие стравот дека успехот на продажбата на билети не е гаранција дека ќе успее да ја насмее публиката.

Токму таа неизвесност, како што објасни, го следи пред секој настап, без оглед на големината на сцената.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygl8t90d0taufa0rQnIk

(Во живо) Стефан Николоски за откажаното гостување на Тони Михајловски: „Многу ми е криво, со цело срце го поканив“

Студио | пред 2 дена

— реклама —
media-librarykbkidl10mcth07YePmn

(Видео) Кој ќе се смее последен во „Претрес“: Стефан одговара за Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите, арените

Магазин | пред 3 дена

media-libraryp1m9gm5m45qc1KV0XOU

(Видео) Со „комшиски врски“ станала обвинителка: Ме фати за рака и ме однесе во обвинителството

Македонија | пред 1 седмица

media-library2dboi6d0478e3ZPW6jP

(Видео) Јавната обвинителка Раичевиќ не верува дека довербата во правосудството е само 2 отсто: „Ова е еден вид мобинг врз обвинителите и судиите“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања