Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Разбојници со автомати и џип без таблици ограбија златара во центарот на Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Настани
media-library29a2h0ln7ft17XnyxxV

Вчера вечерта во центарот на Гостивар се случила организирана разбојничка кражба во златара, при што неколку маскирани и вооружени лица со автоматско оружје однеле значителна количина злато и пари, а потоа побегнале со црн џип во непознат правец.

— реклама —

Според информациите од СВР Тетово, пријавата за грабежот била поднесена во 18:45 часот, од страна на В.П. од Гостивар, кој соопштил дека четири маскирани лица упаднале во златара во близина на малиот пазар.

— реклама —

„Разбојниците биле вооружени со автоматско оружје и по нападот побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, информираа од СВР Тетово.

— реклама —

Според очевидци, разбојниците, во обид да го забават движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе улици во централното подрачје на градот.

Од Основното јавно обвинителство Гостивар потврдија дека јавен обвинител во текот на ноќта и утрово издавал повеќе наредби и насоки за истрагата, со цел што побрзо да бидат идентификувани и приведени сторителите.

— реклама —

Според првичните информации, нападот бил изведен професионално и за кратко време, што укажува на добро координирана криминална група. Засега нема информации за повредени лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Насилството не стивнува: Напади врз членови на семејството, физички пресметки меѓу малолетници и употреба на метални предмети

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Шестгодишно дете тешко повредено откако било удрено од товарно возило во Скопје

Македонија | пред 2 часа

media-library442u516q70206nazeAm

Пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во центарот на Скопје

Македонија | пред 2 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Три лица затекнати зад волан без возачка дозвола во Тетово и Гостивар

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања