„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Редок природен феномен што ја погоди Шпанија, загинаа три лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
spanija-1

Силното невреме кое ја погоди југоисточна Шпанија во петокот го однесе и третиот живот во подрачјето и градот Алмерија, а исто така и сообраќајот во тоа подрачје е отежнат поради затворање на аеродромот, железничката линија и повеќе од десеттина улици.

— реклама —

Во последниве денови Шпанија е погодена од метеоролошки феномен кој Шпанците го нарекуваат ладна капија“ поради кој топлината на Средоземното море се меша со ладниот воздух од надворешноста создавајќи облаци од кои дождот паѓа во енормни количини.

— реклама —

Повеќе од 200 војници и 100 воени возила се распоредени во погодените области за да им помогнат на цивилните власти, соопшти војската на Твитер.

Противпожарната служба на Валенсија информира дека спасувачките екипи спасиле три лица од река. За време на спасувачката операција, четворица полицајци биле повредени, а едно лице од реката било извлечено со хеликоптер.

Силното невреме се очекува да продолжи и денеска во шпанските региони Валенсија, Аликанте и Мурсија.

eZrq5I5bD6s

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/3292633120754552/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања