Олд-тајмери во хотел UNIQUE Охрид.
Најлусузниот и најголем охридски хотел UNIQUE повторно угости возачи на автомобили „олд-тајмери“ од Холандија и Белгија.
За разлика од претходното рели, овој пат возилата беа нешто понови и го опфаќаа периодот од педесеттите до крајот на седумдесеттите години од минатиот век.
Релијата со „олд-тајмери“ поминуваат низ повеќе држави и во нив учествуваат луѓе љубители на стари автомобили , со префинет стил, а познато е и дека секогаш во местата каде престојуваат ги избираат најдобрите хотели.