Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Reminder - нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
unnamed

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл Reminder за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.

— реклама —

Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот David Lion и претставува храбра комбинација на Balkan Beat звукот со glitch-hop и реге влијанија.

— реклама —

Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Reminder“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.

— реклама —

Синглот „Reminder“ е премиерно објавен на официјалниот YouTube канал на Џајковски, а е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања