Промени тема
Контакт

(Видео) Револт поради несовесното фрлање ѓубре: „Џабе ти е да го правиш најчистиот локал во Европа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-librarylf0u47j42ncqaL1p74A

Револт поради несовесното фрлање отпад околу контејнерите и загадувањето на јавните површини е искажан во објава на социјалните мрежи, во која се посочува дека и покрај редовното чистење, ѓубрето повторно се трупа.

— реклама —

Во видеото, авторот реагира на отпадот оставен покрај контејнерите, обвинувајќи ги несовесните соседи дека фрлаат големи количества ѓубре, дури и по претходното чистење на просторот.

— реклама —

„Вчера го исчистив онде целиот парк, цел, цел, до карпичето што го правиме секој втор ден, пошто одозгора фрлаат комшиите“, вели тој.

— реклама —

Посочува и дека фрлањето храна привлекува птици, кои дополнително го разнесуваат отпадот, а се жали и на проблеми со хидрантот поради кои зеленилото, кое претходно било редовно одржувано, сега е суво.

Во објавата се изразува и разочарување од напорите за одржување на чистотата кога граѓаните продолжуваат несовесно да се однесуваат кон јавниот простор.

„Џабе ти е, ти ќе го направиш најчистиот локал во Европа. Џабе ти е кога пред дуќан, колку и да се трудиш, со мизерија живееш“, порачува авторот на видеото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања