Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) Ристески: Наместо пониски сметки за вода од 20% како што вети градоначалникот, ќе имаме сметки повисоки за 70%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
corinna-slusser-is-missing-from-ny-sep-2017-620x350-1

Денеска во партиските простории на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, се одржа предновогодишно дружење каде присутни беа голем број членови и симпатизери на партијата.

— реклама —

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески во изјава за медиумите потенцираше дека изминатата 2018 година беше една од најтешките во историјата на Македонија и Прилеп.

— реклама —
— реклама —

„Зад нас е година која ни донесе многу црнила, сиромаштија и економска криза. Во оваа година видовме зголемување на цените на сите производи, се зголеми цената на лебот, на горивата... Во Прилеп наместо да имаме пониски сметки за вода од 20% како што вети градоначалникот, ќе имаме сметки повисоки за 70%. Видовме земјоделци како ги фрлаат своите производи, во оваа година сме газени, понижувани, ни се газеше врз честа, гордоста и достоинството.

Со странски и домашни, со сите сили, ни се одзема она вековното, ни се одзема името Македонија и се распродава македонската култура и историја. Но, пред нас следува нова година, година на недежи, година на одлуки и промени. Во следната година ќе имаме шанса да ги промениме и да ги победиме овие црнила и да ги сместиме во старата година како спомен на едно темно, мрачно минато.

Почитувани сограѓани, ви ја честитам новата година, ви посакувам здравје пред се, среќа, љубов вас и на вашите најблиски, благосостојба и мир на вашите семејства. Да ни се за многу години празниците", изјави Ристески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања