„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Родителите на Коста Кецмановиќ во судница очи в очи со родителите на убиените деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
kosta-masakr-1

Денеска започна судењето на Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на малолетниот Коста. Коста на 3 мај 2023 година уби девет соученици од училиштето ,,Владислав Рибникар“, чуварот и рани уште шестмина. Таткото беше донесен од притвор и кога го виде, мајката се расплака.

— реклама —

Таткото исто се расплака и неколку пати ги бришеше солзите. Некои од родителите на убиените деца седеа зад него во судницата, но се беше мирно и без дофрлања. Обвинителите побараа исклучување на јавноста.

Обвинителот Никола Ускоковиќ побара јавноста да се исклучи од целата јавна расправа, за да се заштитат интересите на малолетникот, со што не се согласи бранителот на таткото. Судот одлучи целиот главен претрес да биде затворен за јавноста.

— реклама —

Според обвинението, таткото е осомничен дека го обучувал својот малолетен син да ракува со огнено оружје. Освен таткото и мајката, обвинети се и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде таткото го однел момчето и го научил да пука.

Против родителите се водат и две граѓански постапки по тужби од членови на семејствата за нематеријална штета поради смрт на блиско лице од семејството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања