Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Родригез ја налути нацијата пред Светското првенство – ја игнорирал ќерката на колумбискиот претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-librarybi1hr5kehn85e4F0GQZ

Капитенот на колумбиската фудбалска репрезентација, Хамес Родригез, се најде во центарот на вниманието пред почетокот на Светското првенство, откако на социјалните мрежи се прошири видео од испраќањето на националниот тим во САД.

— реклама —

На снимката се гледа како Антонела, ќерката на колумбискиот претседател Густаво Петро, се поздравува со репрезентативците. Меѓутоа, кога му подала рака на Родригез, тој само ја погледнал и продолжил понатаму без да се поздрави.

— реклама —

Видеото предизвика бројни реакции во Колумбија. Дел од јавноста смета дека станува збор за непристоен потег кон дете и навивач на репрезентацијата, додека други го бранат фудбалерот, оценувајќи дека не бил должен да се поздравува со членови на политички семејства.

На социјалните мрежи се појавија бројни коментари, од критики за однесувањето на капитенот до пораки на поддршка за неговиот став.

— реклама —

Колумбија на претстојното Светско првенство ќе настапи во група со Узбекистан, Конго и Португалија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања