„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) РСС со порака: Запознајте ги Ромите и тие нека ве запознаат вас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
romi

Ромите се најголемо малцинство во Европа, но, дискриминацијата на Ромите и натаму е многу распространета во многу аспекти од животот – се вели во изјавата на главниот координатор на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ на Регионалниот совет за соработка (РСС), Орхан Усеин, по повод Меѓународниот ден на Ромите.

— реклама —

[embed]

KlevmkA5m2k
— реклама —
[/embed]

Според податоците од последното регионално истражување за положбата на Ромите, спроведено во 2017 г., само 21 отсто од Ромите се вработени во однос на 40 отсто од нивните соседи кои не се Роми. Во истовреме, 71 отсто од Ромите работат непријавени, во однос на само 17 отсто од населението кое не припаѓа на Ромите, наведува Усеин.

Овие бројки укажуваат на потребата да се вложува во нивното образование, вработување, еднакви права, јакнење на економската независност, талент и на креативноста. Интеграцијата на Ромите е еден од важните приоритети за регионот на Западен Балкан, како дел од процесот за пристапување кон Европската унија – вели Усеин.

По тој повод РСС го претстави и видео спотот во кој се пренесуваат пораките на млади Роми од регионот упатени до припадниците на своите заедници, но и до сите други.

Проектот Интеграција на Ромите 2020 се спроведува од страна на РСС со владите од Западен Балкан, откако во 2016 година Европската унија го постави ова прашање на ниво на еден од условите за зачленување во Унијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања