Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Русија изврши нови напади врз Украина: Загина едно лице, најмалку 12 се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library5gia29gdqtlv7gVLwEZ

Руските сили во текот на ноќта извршија серија напади врз повеќе региони во Украина, при што загина едно лице, а најмалку 12 се повредени, соопштија украинските власти.

Најтешко беше погоден градот Запорожје, каде што руска бомба уништи семејна куќа. Во нападот загина 67-годишен маж, додека 22-годишно лице беше извлечено од урнатините по повеќечасовна спасувачка акција и е пренесено во болница.

— реклама —

Во одвоен напад со дрон врз станбена зграда во Запорожје беа повредени 53-годишна жена и 52-годишен маж. Спасувачките служби и полицијата сè уште работат на терен.

— реклама —

Руската армија нападна и во Сумската област, каде што биле фрлени најмалку седум авионски бомби. Повредени се пет цивили, а оштетени се куќи, возила и цивилна инфраструктура.

— реклама —

Во градот Днипро, напад со дрон предизвикал пожар во приватен дом, при што ударниот бран оштетил околни објекти, автомобили и продавница.

— реклама —

Украинското воено воздухопловство соопшти дека противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила 15 руски дронови над Днипропетровската област.

Новите напади следуваат откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека земјата се соочува со критичен недостиг од ракети за противвоздушна одбрана, кои, како што наведе, се неопходни за одбрана од сè почестите руски балистички напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Русија отвора берзи за тргување со криптовалути, познат е датумот на почеток

Свет | пред 54 минути

— реклама —
vakcini-332

Првиот пациент третиран со руската вакцина против рак без нови метастази

Свет | пред 1 ден

media-librarycvvojt58f5mr24qiFWf

Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања