Обвинителката Вилма Русковска, низ смеа во „Во Центар со Васо Ефтов“ си раскажа како ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, вртел кругови со возило околу Обвинителството за организиран криминал и корупција, пред да се предаде. Таа рече дека тоа го дознала од истражителите. Русковска посочи дека Мијалков чекал новинарите на телевизијата која го снимаше да се постави за да го сними како доаѓа, пред да се предаде.
„Со Сашо не се видов, го однесоа на вториот кат, јас потоа си отидов дома“, кажа Русковска.
Таа раскажа и дали пиела кафе со Мијалков во кафич.