Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) „Сѐ е некако чудно, сѐ е заматено, не ги добивме одговорите“, вели Весна Бејби Петрушевака за несреќата на Тоше Проески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-17-at-12.58.39

Актерката Весна „Бејби“ Петрушевска во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“ отвори едно од најчесто премолчуваните прашања поврзани со трагичната смрт на Тоше Проески.

„Има едно многу важно прашање на кое никој не одговори – ти знаеш како се вика шоферот на камионот? Јас не. Знаеш дека го задржале нешто... Јас исто така не знам. Дали некогаш се спроведе истрага – како, што, зошто, кој е тој камион, како избегал, зошто избегал?“, праша Петрушевска.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

Таа додаде дека одговори немаат ниту родителите на Тоше: „Колку што знаеме јас и ти, толку знаат и тие луѓе. Тоа ме мачи и мене, исто како што ја мачи цела Македонија и цел Балкан. Кај е шоферот? Зошто го нема? Во ниту еден извештај? Ништо нема. Трилер.“

Петрушевска беше прашана и за возачот на автомобилот во кој загина Тоше.

„Тој одлежа, Џоле. Колку што знам, некое време беше во затвор. Секако дека не може да е во добра состојба. Последен пат го видов кога ми ги донесе картите за последниот концерт на Тоше на стадион. Кога прашав и мајка му и татко му, беа сосема отсечни – не сакаат ни да го спомнат“, рече таа.

Актерката се присети и на разговорите со Тоше во последните денови.

„Вечерта во Вртелешка му беше повредена ногата од одбојка. Му реков – кој ќе те вози? А тој ми вика: ‘Џоле ќе ме вози’. Му реков: ‘Чекај, нова е колата, дали знае да ја вози?’ Тој само ме уверуваше – ‘Не се секирај, ќе возиме полека’... Но, знаеш ли што е најстрашно? До денес нема целосни обдукциски наоди. Делумно ги има, ама сè е чудно, заматено. Ние не ги добивме одговорите“, заклучи Петрушевска.

Целиот разговор:

?t=5242

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања