Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(ВИДЕО) Сам си ги пеглам кошулите оти мајка ми така ме научи, искрено со Петре Шилегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Слајдер
198093536_307039544389194_8141154675359291242_n

За скопскиот градоначалник Петре Шилегов не е тајна дека има бунтовен карактер. Зборува со скопски сленг и сака добра музика. Одвреме-навреме вози тротинет по Скопје, а понекогаш објавува и по некое селфи на Инстаграм. И сега тврди дека Дино Мерлин е „најбоља Нова година што му се случила на Скопје“

„Па сега кога ќе слушнам, волку пари биле потрошени, онолку... А за првпат се случи за Нова година да нема слободна хотелска соба во градов. А, да не зборам колку пари потрошија туристите“, вели Шилегов. Рече и дека ќе се кандидира за втор мандат и дека е сигурен дека пак ќе биде градоначалник од есен.

— реклама —

Ретко кој знае дека на времето ќе го бркале од средното економско училиште „Борис Кидрич“ оти имал долга коса.

— реклама —

„Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот... сите. Па долгава коса ја скратив да биде панкерска. Сите со плава кецела на школо, ја со работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот“, раскажува скопскиот градоначалник, кој зад себе има адвокатска кариера.

— реклама —

Вели дека рокенролот е приказна што му лежи, оти е дете на 80-тите.

„Јас сум рокенрол-тип, сакам и блуз и искрено не сакам турбо-фолк. Тоа секогаш ми било испод радар. Да не ме сфати некој погрешно, сакам убава народна музика, ама не и турбо-фолк. Јас сум фан на Азра и Џони Штулуќ и тие плочи сè уште ги имам дома, па ги слушам. Текстовите и кртитиката на општеството во песните отсекогаш ми се допаѓаа“, вели Шилегов за Репортер.

Во интервјуто зборуваме за сè. И за адвокатот Шилегов и за градоначалникот Шилегов, кој вели дека успева да ги одвои приватниот живот и јавниот. Но, дека и не секогаш е пријатно кога ќе прочита за себе сешто.

„Ние политичарите претерано сме во фокус. Јас сешто дознав за себе. Така и ја почнаа црната кампања против мене. Пијан сум држел говори. И од тогаш ме следи тоа, овој е пијандура. Е добро де, океј. Очајни луѓе коментираат и тоа не ме допира, ама не е добро кога те судат луѓе кои не те знаат. После, зборат, арогантен сум бил. Кога збориш за некој нешто треба да го познаваш. Ама, ете, јас можам да се носам со тоа“, раскажува скопскиот градоначалник.

Со ќерката имаат роденден во ист ден, а со сопругата, пак, учеле во исто училиште. Така и се вљубиле. „Како во песната на Балашевиќ, таа имаше панделка во коса, ја бев бунтовникот со долга коса“, раскажува Шилегов.

Во интервјуто зборувавме и за тротинетот со кој се возеше низ Скопје, за куќата во Маврово и зошто замина баш во деновите на карантинот, за пазарчето каде што сам оди да набави сè за дома.

„Па јас со години сам пазарам и немам проблем со тоа. Искрено и секое утро сам си ги пеглам кошулите, и тоа од мајка ми ми е останато. За готвење ме бива само во делот на месото, ама знам и тоа добро да го направам“, искрен е Шилегов.

Кошарката и фудбалот се башка љубови за кои шилегов откри за Репортер во разговорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања