„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) СДСМ и коалицијата предлагаат изборите да се одржат на средината на јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-2-1

СДСМ и коалицијата предлагаат изборите да се одржат на средината на јуни, изјави на прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по состанокот со коалиционите партнери.

— реклама —

Ставот на коалицијата ќе биде предложен на лидерската средба кај претседателот, Стево Пендаровски, во вторник кога се очекува да биде утврден датумот за одржување на парламентарните избори.

Првиот човек на СДСМ вели дека потребни се кредибилни институции со полн капацитет за справување со кризата.

— реклама —

– Веќе втор месец сме во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци имаме техничка влада, 3 месеци е распуштено Собранието. Потребни се Собрание и Влада за да преземат конкретни чекори пред се во надминување на економската криза. Со тоа, сѐ повеќе се наметнува потребата од одржување на парламентарните избори, рече Заев.

Тој образложи дека во ситуација кога интензитетот на кризата се намалува, изборите треба да се одржат, бидејќи во такви услови нема загрозување на здравјето на граѓаните. Тој рече дека на државата и се потребни избори, веднаш штом се создадат услови за нивно одржување, а во моментов охрабрува тоа што мисијата на ОДХР најавува дека може да се организира и да прати набљудувачи, а и други држави не случајно одат на избори во овој период.

Видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања