Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите, насилничките сценарија се единствени негови политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
kostadin-sdsm

Насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се единствените политики на антинародниот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Никола Груевски, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ .

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше вчера и за провидниот театар пред болницата 8-ми септември. Особено откако самиот Мицкоски се демантираше себе си. Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата, а по само неколку секунди признава дека тоа не е точно.

— реклама —

Порталите и медиумите блиски до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, што вчера ширеа лажни вести и драматични шпекулации, треба да им се извинат на граѓаните за пласираните невистини и да ги повлечат спорните објави.

— реклама —

Тоа им го должат на граѓаните. Објективното, вистинито и професионално информирање на граѓаните треба да биде императив на сите чинители во медиумскиот и јавниот простор. Соодветна истрага за овој инцидент ќе ги даде сите одговори.

— реклама —

Останува фактот дека не успеа обидот на Мицкоскии  Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април.

Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии. Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања