Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) СДСМ: По 30 години, лани за прв пат во државата почнаа да се градат целосно нови мостови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Мостот на реката Вардар на патниот правец Неготино - Радовиш е пример за успешна санација, разликата пред и по санацијата е очигледна, истакна директорот на Агенцијата за јавни патишта и член на ЦО на СДСМ Зоран Китанов. Тој нагласи дека мостовите во изминатите десетина година беа запоставен дел од патниот сообраќај, а за 2,5 години се реахабилитирани и санирани, но и новоизградени десетици мостови, се вели во соопштението од СДСМ.

Китанов истакна дека во 2018 година беа завршени, санирани и рехабилитирани мостовите на реката Вардар, кај Удово, кај Сарај, како и мостовите од Гостивар до Колари, кои по долго време чекање, беа завршени за само една година. Истата година се завршени мостовите од Кочани до Делчево, како и од Коселска кај Охрид.

После 30 години, лани за прв пат во државата почнаа да се градат сосема нови мостови, истакна Китанов.

— реклама —

Тоа се мостот на реката Луда Мара во Ваташа кај Кавадарци, кој беше во очајна состојба, е изграден пред време и веќе е пуштен во употреба,  во моментот течат работите на мостот на реката Бабуна кај Чашка, кој е завршен 85% и  наскоро ќе  биде пуштен во употреба, како и мостот на речата Пчиња кај Долно Коњари , чија изградба ќе заврши до крајот на годината, соопшти Китанов.

За оваа година е планирана изгрдба и реконструкција на голем број мостови, за кои, е во тек тендерска постапка, а минатата недела започнаа работите на мостови на Лакавица и на Кратовска река, истакна Китанов.

— реклама —

Наскоро очекуваме да започне санацијата на челичниот Искрин мост на делницата Куманово Свети Николе, кој е еден од најголемите во нашата држава, истакна Китанов, и најави дека привршува тендерската постапка за изградба, санација и реконструкција на мостовите на Чашка кај Лисиче, на реката Треска кај Македонски брод, Ратовица Злетово, Виница Берово, Лакавица Неготино, кај Драгоманци на Пчиња.

— реклама —

Во цела дражава посветено се работеше и продолжуваме со работа  на мостовите и патишата, со цел патниот сообраќај да биде безбеден за учесниците во сообраќајот, истакна директорот на Агенцијата за јавни патишта и член на ЦО на СДСМ Зоран Китанов, се вели во соопштението од СДСМ.

фото и видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања