Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицковски - клан од Машинскиот факултет биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ.Второ:Додека сите функционери на СДСМ го ставаат на увид секој потрошен денар, транспарентно и отчетно, Мицкоски секоја вечер зборува за идна проверка на имот на политичари! Е ама тој нема анкетен лист, нема доставено ниту до јавноста, ниту до антикорупциска. Нема јавно достапни информации за кои е нормално да има за лидер на опозиција, што има од имот овде во републиката и надвор од неа, тој и неговото семејство. Колку и како заработувал во минатото и денес?Затоа на 15 јули излезете и гласајте, не дозволувајте да се вратат злоупотребите од Груевски, Мицкоски и нивните фамилии, истакна на денешната прес конференција Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.