Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Се бара одговорност од градоначалникот на Гази Баба затоа што откриеното било скандал, посочи Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
272458590_147069754371615_939973336979698961_n

„Објавувањето на скандалот со незаконското постапување на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, повикува на институционална реакција и одговорност. Бараме од сите надлежни институции, вклучително и ДКСК, но и Јавното обвинителство да покренат соодветни законски процедури за да утврдат одговорност за овој случај. Согласно документите кои свиркачи ги доставија до нас основано се сомневаме за повеќе незаконитости и прекршувања на законите“, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

— реклама —

Тој додаде:

„В.д директор на Јавно претпријатие, Добри Петров, по налог на градоначалникот, незаконски бил назначен за ревизор. Иако не ги исполнувал условите, немал положен ревизорски испит, немал ниту лиценца ниту сертификат.

— реклама —

Замислете, со незаконска ревизија од в.д директор на Комунално претпријатие незаконски е сменета директорка на детска градинка во Гази Баба.

Очигледно тоа била целта и на целата оваа партиска шема на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е вистинското лице на оваа партија во која ништо се нема променето.

ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во најголем дел од општините во земјава. Јавноста гледа дека не работат ништо, посветени се само на вдомување партиски војници.

Со општините владеат како шерифи, без почитување на законите, како тоа што го правеа и во време на режимот.

Основано се сомневаме дека со постапките на градоначалникот Бобан Стефковски, прекршен е член Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и злоупотребена е службената положба и овластување.

За незаконско работење мора да им одговорност.

Очекуваме од институциите расчистување на овој случај во целост и соодветна одговорност од сите инволвирани“.

BUMByt0BM40

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања