Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Се чисти Камениот мост, се враќа и подната фонтана на плоштадот „Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryhcrpgsc0o7ugbpJaxjT

Камениот мост и плоштадот „Македонија“ се опфатени со темелно чистење со кое треба да се врати уредниот изглед на едни од најпрепознатливите места во Скопје.

Во рамките на активностите се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија. За чистењето се користи специјално средство и опрема за чистење под притисок.

— реклама —

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека Камениот мост и плоштадот „Македонија“ се важни симболи на градот, каде што се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени.

— реклама —

„Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички“, истакна Ѓорѓиевски.

Паралелно со чистењето, привршуваат и активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост. Во тек се и работите за повторно пуштање во употреба на подната фонтана на плоштадот „Македонија“, која со години не била во функција.

— реклама —

Со повторното активирање на фонтаната и осветлувањето на мостот, просторот во центарот на Скопје треба повторно да добие дополнителен визуелен изглед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye2ugaas2hamhawlcMBk

Камениот мост блесна со ново осветлување

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
DSC_0094

Скопје ќе го осветлува Камениот мост со современа ЛЕД-технологија

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања