🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(ВИДЕО) Се гради ѕид и се сечат дрва кај Св. Стефан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
slika

По парапетчето во Градиште, никнува нов ѕид овој пат кај Св Стефан.  Денес тешка градежна механизација работи на градба на нелегален објект на самиот брег на Охридско Езеро, во месноста Свети Стефан каде се сечат дрва и се гради потпорен ѕид.

— реклама —

Како што дознаваме граѓаните алармирале во инспекциските служби, кои веќе се упатиле на терен, а на терен повторно излегол и градоначалникот Константин Георгиевски кој е препуштен сам на себе да се бори со организиран хаос и мафијашко и насилно узурпирање на брегот на Охридско Езеро на подрачјето на Охрид. ( Во Струга градоначалникот Рамиз Мерко го стимулира безаконието, хаосот и мафијашкото дивеење ).

За потсетување откако парапетчето во Градиште го урна локалната самоуправа, вчера истото повторно воскресна.  На овој потег ресторанот е проширен надвор од сите дозволи, а изградени се ѕидови во половина од должината на првата плажа.

— реклама —

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања