Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Се испокараа Шилегов и Арсовска - таткото бара оставка, мајката му кажа да си го изгасне Фејсбукот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
shilegov-arsovska

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, побара оставка од градоначалничката Данела Арсовска, а таа во емисијата „Тешки муабети“ му порача дека треба да си го изгасне фејсбук-профилот. Караницата помеѓу двајцата е поради лошата состојба во градот, за која критики има и од граѓаните. Прв започна Шилегов кој посочи дека нашето Скопје сериозно се наоѓа во процес на целосна девастација.

— реклама —

„Почитувана Арсовска, заминете си.Поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа). Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме. За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум), но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред. За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив! Човекот ја прави функцијата..“, напиша Шилегов.

Ова беше дочекано „на нож“ од Арсовска која во гостувањето кажа дека Шилегов за четири години додека бил градоначалник не реализирал ниту пет отсто од сопствената програма. Посочи дека буџетот на Скопје е мал, а со него се прави максимум.

— реклама —

yteKLhl-KOc

„До пред две години имаа градоначалник кој за четири години не успеа ниту пет отсто од сопствената програма да реализира. Јас да сум ко него би си го изгасила Фејсбукот“, рече Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања