„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Се изработува планот за крајбрежјето, од следната година на плажите типизирани шанкови со логото на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
plazi-3

Песок, сонце, кристално Езеро, мир, рајска убавина... Вака изгледаат Охридските плажи по акцијата на локалната самоуправа за отстранување на дивоградбите на самиот езерски Кеј.

— реклама —

Граѓаните велат ваков мир немало многу одамна. Некои се потсутуваат на времето од детството кога плажите беа само дар од природата.

Градоначалникот Константин Георгиески, вели дека позитивни коментари стигнуваат и до него. Според него ред во хаосот мораше да се направи, по што од следната година по изработката на планот за крајбрежјето од страна на Агенцијата за планирање, ќе настапи новото менаџирање на плажите, но по крајни други услови.

— реклама —

„Ќе се поставуваат објекти од монтажен тип, типизирани дрвени шанкови кои ќе бидат со логото на општина Охрид и кои ќе се издаваат на јавно наддавање и ќе се издаваат година за година, на тие делови каде ќе може да се стопанисуваат плажите“, вели Георгиески за Охрид 1 .

Годинава се отстранија објектите кои беа градени на потегот од Метропол, па се до Елешец, а минатата се средуваа на потегот од Горица 3 кај Св Стефан. Овие плажи се исчистени, освен еден два објекти кои правно не беа чисти за да можеме да се постапува на тој потег.

„Градежниот шут е комплетно исчистен.Цело време ги средуваме плажите, ЈП Охридски комуналец ја чисти дивата вегетација и ѓубрето кое беше таму останато. Се засадуваат нови садници, се поставуваат корпи за отпадоци, контењери. Поставивме и мобилни тоалети, затоа што оваа година ниту има време ниту план општината за изградба на тоалети на секоја плажа, тоа ќе биде предмет на решавање следната година кога ќе биде изработен планот за крајбрежјето од страна на агенцијата за планирање и тогаш ќе настапи новото менаџирање на плажите“, вели Георгиески.

За потегот кај Градиште, градоначалникот вели дека таму нема некои големи објекти за отстранување. На овој потег има настрешници, околу огради околу самите камп приколки.

„Ќе постапиме кога ќе имаме нов тендер за отстранување на бесправни објекти. Инаку работата која се заврши за отстранувањето на објектите досега преку 5000 метри кубни градежен шут се отстрани од плажите. Ова беше голема работа и тој процес сеуште трае. Веќе ја средуваме поранешната плажа Корали. Се поставува автентична песок од сливот на Охридското Езеро. Претходно се средуваше поранешната плажа Атлантис. Потегот од Метропол до Лагадин е веќе среден со нова песок“, вели Градоначалникот.

Плажите кои се во опфат на генералниот урбанистички план, како што се Потпеш, Канео, Куба Либре, Кадмо, Бела виста, ќе бидат предмет на планот за одржавање на плажите од државно значање кое го прави Агенција за просторно планирање.

„Доколку според овој план се предвидат објекти од таков габарит, наредната година општината ќе направи таков повик и ќе ги издава, доколку не се предвидат во новиот генерален урбанистички план за крајбрежјето, тогаш ќе треба и тие да се отстранат, статусот на тие објекти зависи од планот. Таму ги отстранивме платформите, објектите ќе бидат предмет на решавање зависно од планот. Доколку се дел од планот ќе бидат предмет на нови концесии. Но, сепак тоа е дискутабилно, затоа што мора да се воспостави врска помеѓу студенчишко блато и Езерото и ќе мора преку патеката која е тука изградена да се направи физичка врска помеѓу блатото и Езерото, а сето тоа ќе треба соодветно да се испланира. Тие објекти неможат да обавуваат таква дејност затоа што немаат договори за концесионирање на просторот кој е сопственост на Македонија“,  категоричен е првиот човек на Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 8 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања