„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Се мерела гласноста на пеењето на оџата, а верници муслимани се заканале дека ќе ја запалат црквата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
strumica_dzamija

Во 20:23 часот СВР Струмица заедно со инспекторатот за животна средина имаа заедничко дејствување во турското маало во Струмица откако претходно до Општина Струмица од стотици граѓани била покренета петиција против гласното пеење на оџата од џамијата. Заедничкото дејствување било со цел да се измери јачината на звукот, но околу 300 верници од исламската вероисповед излегоа на улицата кога полицијата пристигнала во турското мааало, мислејќи дека тие ќе го забранат пеењето на оџата, објави република.мк

— реклама —

Од СВР Струмица за порталот Струмица денес изјавија дека дејстувањето било најдобронамерно со цел да се измери јачината која вечерва покажала дека е поголема од дозволената. Како што велат очевидци за порталот Струмица денес дошло до инцидент бидејќи дел од насобраните верници извикувале дека ќе ја запалат црквата „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“.

Православното население кое живее во истото маало вели дека тие нема проблем со џамијата како објект, ниту пак против луѓето од исламската вероисповед, но треба да се внимава на пресилната бучавост од звучниците на џамијата.

— реклама —

Од СВР Струмица велат дека ќе биде побарана средба со верските заедници и проблемот во најбрзо време да биде решен на мирен начин без никакви дополнителни инциденти.

извор: Република.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања