„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Се појави нова снимка од Мицкоски во теретана, на снимката час има но не и датум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Mickoski-1

Видео-снимка од надзорни камери на која се гледа како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски влегува во теретана во спортска опрема е објавена на социјалната мрежа „Твитер“ од корисник потпишан како „рецепционерот Талат“.  Од неа, може да се види како Мицкоски пристигнува со две лица кои го обезбедуваат и чека да му дозволат пристап за да влезе во теретаната. Објавувачот тврди дека таа е направена денеска, а како потврда за тоа, тој во коментари напишал „бодигардите носат бели ракавици“.

— реклама —

Мицкоски пак, вели дека снимката е стара половина година. „Синоќа плачеше, загрижен за здравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвора само за него! Наќе уште спиеш или ќе почнеш да работиш?!“, пишува објавувачот на снимката на социјалната мрежа „Твитер“.

Мицкоски негира дека денеска бил во теретана која отворила само за него. Тој вели дека станувало збор за лага која доаѓала од СДСМ, а за снимката тврди дека била стара. Од објавениот материјал може да се види дека станува збор за снимка на која стои дека е снимена во 10 часот, но не се гледа датумот.

— реклама —

 

https://www.facebook.com/seir2017/videos/642050339675479/?v=642050339675479

видео: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања