Промени тема
Контакт

(Видео) Се појавија потресни снимки од Иран: стотици вреќи со тела пред мртовечница јужно од Техеран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library5lbq3l1baqte2CC4fFw

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки и потресни снимки од Иран, на кои, според достапните информации, се прикажуваат сцени пред мртовечница во местото Хризак, јужно од Техеран. Снимките ги објави турскиот новинар Рагип Сојлу, кој наведува дека на нив може да се видат стотици вреќи со тела.

Според описот, видеата прикажуваат десетици, па и стотици семејства собрани пред објектот, во очај и солзи, додека се обидуваат да ги идентификуваат своите најблиски кои, како што се тврди, биле убиени за време на масовните антивладини протести што ја потресуваат земјата.

— реклама —

На снимките се слуша плач и лелек, а присутните семејства, видно вознемирени, се движат меѓу наредените вреќи со тела, надевајќи се дека ќе добијат информации за судбината на исчезнатите роднини. Иако автентичноста и точниот датум на снимките засега не се официјално потврдени од независни извори, тие дополнително ја зголемуваат загриженоста на меѓународната јавност за бројот на жртвите и размерите на насилството во Иран.

— реклама —
media-library84q62ilahgds4PqinNg

Иранските власти досега не објавија целосни и официјални податоци за бројот на загинатите, додека организациите за човекови права и странските медиуми известуваат за значително поголем број жртви отколку што официјално се признава.

— реклама —

СНИМКИТЕ ТУКА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-librarynrb4lov302df37MZXb8

(Видео) Иран тврди дека заробил американски подводен дрон во Ормускиот Теснец

Свет | пред 14 часа

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Арагчи: „Иран е целосно подготвен за војна“

Свет | пред 1 ден

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран понуди отворање на Ормускиот Теснец за седум дена, Трамп наводно ја одбил понудата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања