Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Се преврте брод со 7.000 тони дизел кај Ибица, еден загинат и шестмина повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Свет
media-librarylsn0ji4a46sveUkUXze

Еден член на екипажот загинал, а шестмина се здобиле со полесни повреди откако товарен брод со 7.000 тони дизел се превртел во близина на шпанскиот остров Ибица.

— реклама —

Бродот „Мед Емре“, кој пловел под малтешко знаме од пристаништето Алхесирас кон Барселона, не потонал целосно, туку останал делумно на површината, превртен на едната страна.

На него имало 17 членови на екипажот со индиско и турско потекло. Седуммина биле евакуирани на Ибица, а еден од нив, 46-годишен турски државјанин, бил пренесен во болница, каде што била констатирана неговата смрт. Останатите шестмина добиле лекарска помош поради полесни повреди, главно предизвикани од хипотермија.

— реклама —

Несреќата се случила откако екипажот пријавил навлегување на вода во бродот и негово навалување за околу 90 степени. Причината за превртувањето засега не е позната, а истрага започнала и криминалистичката полиција на Цивилната гарда.

— реклама —

Иако првичните набљудувања не покажале знаци на поголемо загадување, на површината на морето биле забележани мрсни дамки. Засега нема потврда дека дошло до истекување на гориво.

Шпанските поморски служби и сопственикот на бродот подготвуваат план за негово извлекување, но претходно мора да се обезбеди стабилноста на конструкцијата. Во спасувачката операција учествувале три хеликоптери, авион и специјализиран брод за интервенции при загадување на морето.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

maxresdefault

(ФОТО) Анастасија Ражнатовиќ ужива на Ибица во црно бикини

Магазин | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања