Вулканот Етна на Сицилија е во ерупција откако од еден кратер тече лава, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија. Ерупцијата е испрекината и лавата тече на југоисточната падина од вулканот на километар ипол од кратерот.
Поради ерупцијата на вулканот евакуирано е населението од тоа подрачје. Затворени се и два аеродроми.
Облакот од пепел предизвикан од ерупцијата се гледа од цела источна Сицилија. Видливоста е намaлена и поради тоа се затворени два аеродроми во Катанија. Последна голема ерупција на овој вулкан се случила пред 10 години.
https://twitter.com/earthquakevt/status/1152651565511204864?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1152651565511204864&ref_url=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2Fsvet%2Fetna-zatvori-dva-aerodromi%2F