„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Се реконструира улицата Антон Димитров во Драчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Екипите на Град Скопје работат на реконструкција на улицата Антон Димитров, во Драчево, која ќе се обнови на вкупна должина од 1.450 метри. На терен ќе се вградат порамнителен и завршен слој на коловозот со површина од околу 10.000 квадратни метри, како и тротоари од бекатон на површина од околу 6.500 квадрати.

— реклама —

Увид во градежните работи на оваа улица денеска изврши градоначалникот Шилегов.

- Град Скопје годинава ќе реконструира повеќе булевари и улици што се во наша надлежност. Од редот на приоритетите ги издвојувам првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот АСНОМ, реконструкцијата на дел од булеварот Партизански одреди и на улиците Февруарски поход, Лазар Личеноски, Брадфордска, како и обновата на улицата на која што се наоѓаме денеска, Антон Димитров, поранешната улица Жарко Зрењанин.

— реклама —

Реконструкцијата на улицата Антон Димитров е предвидено да заврши оваа година, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 19,4 милиони денари – рече градоначалникот Шилегов.

Улицата Антон Димитров секојдневно ја користат жителите на Драчево и околните населби во општината Кисела Вода. Поради градежните активности, на улицата ќе биде воведен привремен режим на сообраќај.

- Апелирам до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот. Граѓаните на Скопје заслужуваат безбедни улици, без дупки, каде што движењето ќе се одвива непречено. Продолжуваме со редовната реконструкција на сите оштетени улици за да овозможиме сообраќајот во нашиот град да се одвива побезбедно и поефикасно – нагласи градоначалникот Шилегов.

ouiC8_oNQEc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања