„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Се реконструира улицата Македонско -Косовска бригада во Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Македонско-косовска бригада во општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот Никола Карев (Пластичарска) до крстосницата со Втора македонска бригада. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција  на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација.

— реклама —

- Оваа фаза всушност е изведбата на едниот крак од идниот булевар Македонска-косовска бригада. Во текот на наредната година очекувам дека ќе почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да го изведеме и вториот крак., со што овој дел ќе се спои со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале. Оваа е осма улица која Град Скопје почна да ја реконструира. Ги замолувам граѓаните за трпение и да ги почитуваат сообраќајните знаци. Исто така, ги замолувам граѓаните да ги користат алтернативните влезови на Скопје, преку обиколница поради градежните работи на булеварот Александар Македонски. Од друга страна пак големо е задоволството на граѓаните дека во градот се реконструираат улици и се отвораат нови коридори, а квалитетот на изведба ќе го подобри урбаното живеење во Скопје – рече денеска Градоначалникот Шилегов.

— реклама —

За реализација на реконструкцијата на Македонско-косовска бригада ќе се одвојат околу 56 милиони денари, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 4 месеци.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања