Во Трговскиот центар во Кочани точно напладне се самозапали 46-годишен маж. Очевидците на настанот, кои седеле во околните кафулиња велат дека лицето се полеало со бенизин, по што извадило запалка и се запалило.
Случајни минувачи се обиделе да му помогнат со противпожарни апарати од дуќаните во трговскиот.
Мажот бил пренесен во болница во Кочани по што поради сериозноста на здравствената состојба, итно е префрлен на клиника во Скопје.
https://www.facebook.com/111220626921688/videos/566783720540259/?v=566783720540259