Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Се сруши тренажен авион во Грција – двајца пилоти повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Балкан
media-library0q36gcsqtued7gW4sBC

Tренажен авион утрово се сруши на аеродромот Татој, северно од Атина, соопштија грчките власти.

— реклама —

Според првичните информации, несреќата се случила за време на полетувањето, кога дел од крилото се одвоил од леталото, по што авионот паднал на пистата, пренесе весникот Katimerini.

— реклама —

Во моментот на падот во авионот се наоѓале двајца пилоти. Пилотите со возило на Итната помош биле пренесени во болницата на Воздухопловните сили во Атина. Засега не е позната нивната здраствена состојба .

Несреќата се случила за време на планиран лет за одржување, а причините за падот се предмет на истрага што ја спроведуваат грчките воздухопловни власти.

— реклама —

Станува збор за авион тип P2002-JF, лесен двоседен тренажен авион со еден мотор и ниско крило, кој се користи за основна обука на кадетите на воена академија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

taksi

Хорор во Атина: 35-годишен маж ѝ го одгризал увото на таксистка

Балкан | пред 4 седмици

— реклама —
media-librarynalilst2ucisbRyxbly

Лаунџот на аеродромот во Атина е прогласен за втор најдобар во светот

Патувања | пред 3 месеци

media-librarymrvl71uh7i0e0AfRRvF

Таксистите во Атина протестираат против новиот закон за нулта емисија

Свет | пред 8 месеци

media-librarya0e88dqp0qcgcHcSrQ3

Трактори на улиците на Атина: Грчките фермери денес на протест пред Парламентот

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања