Се урна хеликоптерот на сопственикот на фудбалскиот тим Лестер, веднаш по натпреварот меѓу неговиот тим и тимот на Вест Хем. Хеликоптерот се урнал на паркингот на стадионот „Кинг Пауер“, а во него бил и тајландскиот милијардер, Вичаи Шриваданапраба, пренесуваат светските медиуми.
На местото на несреќата имало голем пожар, а со оглед дека инцидентот се случил веднаш по натпреварот, на стадионот се уште беа присутни навивачи. Како што рекол некој очевидец, тешко дека некој ја преживеал несреќата, затоа што хеликоптерот веднаш по падот се запалил.
Врз основа на првичните информации хеликоптерот имал проблеми со задниот ротор.
https://twitter.com/MabzCiteh/status/1056276419322527744?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1056276419322527744&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d1%2583%25d1%2580%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2585%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bf%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25bf%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b2%25d0%25b5%2F
Властите најавија детали за инцидентот и за бројот на жртвите.