Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(Видео) Се враќа една од најпопуларните адвокатски серии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-librarylq0kl7tt7imncq9zZv8

Криминалистичката драма Адвокатот од Линколн (The Lincoln Lawyer), адаптација на серијалот бестселери, доби зелено светло од Netflix за петтата сезона, само неколку дена пред најновите епизоди да стигнат на платформата.

— реклама —

Четвртата сезона на серијата ќе биде премиерно прикажана на 5 февруари.

Заплетот го следи идеалистичкиот адвокат Мики Хелер, кој ја води својата пракса од задното седиште на автомобилот, преземајќи случаи со различна тежина низ Лос Анџелес. Секоја сезона е фокусирана на еден голем случај кој доминира со приказната, заедно со неколку помали случаи кои се испреплетуваат.

— реклама —

Предстојната сезона носи драматичен пресврт, бидејќи Хелер ќе биде принуден да се брани самиот себе откако ќе се соочи со обвиненија за убиство.

Серијата „Адвокатот од Линколн“ се базира на серијалот романи на писателот Мајкл Конели. Првата книга е екранизирана уште во 2011 година во филм во кој главната улога ја толкуваше Метју Меконахи.

Поврзано со потврда за петтата сезона, копродуцентите и извршните продуценти Тед Хамфри и Дејлин Родригез изјавија:

„Многу сме среќни што на 5 февруари ќе ја претставиме четвртата сезона на публиката, а уште повеќе сме возбудени што можеме да ја споделиме веста дека веќе вредно работиме на следната.“

„Четвртата сезона го води Мики Хелер на неговото досега најзахтевно и најинтензивно лично патување. Возбудени сме и благодарни што таа приказна можеме да ја продолжиме и во петтата сезона“, додаваат тие.


„Адвокатот од Линколн“ има одлична оцена од 90 отсто на сајтот Rotten Tomatoes, додека последната сезона достигна совршени 100 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygl4i1774kbo67SMBwII

Новата епизода на „A Knight of the Seven Kingdoms“ поставува рекорд на IMDb

Магазин | пред 3 седмици

media-library7u4gdf6hkitpco2qyie

Нетфликс го објави трејлерот за новата криминалистичка трилер-серија за детективот Хари Хуле

Магазин | пред 1 месец

media-librarytohbgh2o8mbt1WrlXW7

Колку заработија актерите од „Stranger Things“ во петте сезони?

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryb1usa6fnmrrlcftLkNr

Нетфликс потврди: Доаѓа шеста сезона на серијата „Емили во Париз“

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања