Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила денес во Бања Лука. Девојка со автомобил Пежо влетала во излог на продавница. Како што неофицијално се дознава, на девојка која го управувала возилото и се заглавила штиклата меѓу папучата за гас и кочницата.
Таа возела во кружен тек по што завршила во излог на продавница рушејќи го сообраќајниот знак, а за среќа немало пешаци и избегната е поголема трагедија.
И на продавницата и на возилото е направена голема материјална штета, а автомобилот со кој управувала е службен.
фото: Nezavisne novine