„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Шекеринска: Со одлуката во Собранието, Македонија извлечена од ризиците за изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Честитам на заедничкиот напредок којшто во петокот го постигнаа 80-те пратеници од власта и опозиција со единствена цел – да се потврди на евроатланската ориентација на иднината на Република Македонија.

— реклама —

Денес, на задоволство и олеснување на огромно мнозинство граѓани во државата, Македонија е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите ние се боревме и сонувавме 27 години – Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и покажа дека е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Оваа одлука на 2/3 парламентарно мнозинство значи влез на Македонија во безбедносен штит на најмоќниот воено-политички сојуз во светот“, изјави Радмила Шекеринска.

— реклама —

XkiL9Tl7KlU

Шекеринска рече дека факторот стабилност кој произлегува од членството на Македонија во НАТО и идниот почеток на преговори со ЕУ ќе донесе нови и големи странски инвестиции но и ќе ги охрабрат домашните инвеститори. Инвестициите ќе отворат нови работни места, ќе обезбедат поголеми платите и ќе обезбедат извоз кој и е потребен и толку важен на Република Македонија.

„Историскиот глас на пратениците во исто време беше и глас против изолација, против несигурност и против сиромаштија. Глас против нови политички кризи. Тој глас повторно ги сврте очите на светот кон Македонија. Светот гледа. Светот гледа и ја поздравува покажаната државничка одговорност на пратениците, коишто знаеја дека нивната прва и единствена цел е да ги претстават и обезбедат интересите на оние кои ги избраа, на граѓаните на нашата земја.

Овој историски момент повикува на обединување на сите политички сили, на сите прогресивни сили во Република Македонија. Тоа ни е потребно како никогаш досега.  Верувам дека сега е можна дури и поголема поддршка во Собранието за спроведување на договорот од Преспа и со тоа за зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Секој пратеник кој верува и знае дека Македонија треба да стане дел од западниот свет треба да ги поддржи уставните измени во следните фази“, изјави Шекеринска.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања