Празничната магија се чувствува на скопскиот плоштад. Околу него, мирис на крофни и свежо испечени костени. Сите кои решиле да шетаат низ центарот на Скопје, ќе купат по 100 грама за 70 денари за да го истераат својот ќејф. Најмладите, се фотографираат со Дедо Мраз. Еуфирија нема, но насмеани лица можат да се забележат.
Секоја вечер, има и уметничка програма. Денеска, ќе настпаи Елена Ристевска, која ќе ги забавува сите кои вечерта сакаат да ја поминат на градскиот плоштад. И така, многу изведувачи ќе се изредат до 7 јануари.