Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Серијата „Nero the Assassin“ стана глобален хит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Магазин
netfliks-960x522-1

Историската мини-серија „Nero the Assassin“ стана вистински глобален феномен само неколку дена по премиерата на 8 октомври, откако е гледана повеќе од 31,6 милиони часа и моментално се наоѓа на четвртото место меѓу најгледаните серии во светот, според податоците на Netflix.

— реклама —

Дејството на серијата е сместено во Франција во 16 век, и го следи Неро (Пио Мармаи) – искусен платен убиец кого го предава неговиот господар. Животот му се менува кога дознава дека има ќерка, Перла (Лили-Руз Карлије Табури), за која не знаел. Кога таа станува мета на моќни непријатели, Неро е принуден да бега со неа низ воjната разурната земја, соочувајќи се со мрачни сили, поранешни сојузници и сопствената совест.

— реклама —

Во заплетот се појавуваат и Рошмор (Луј-До де Ленкесенг), негов поранешен заштитник, како и едноока вештерка Ла Борњ (Камиј Разат), кои ја надополнуваат атмосферата на магија, интриги и борба за опстанок.

Иако на IMDb серијата има просечна оценка 6,7, голем дел од гледачите тврдат дека заслужува „чиста десетка“. Многумина ја споредуваат со култната „Игра на тронови“, опишувајќи ја како „историска фантазија со брз ритам и совршена визуелна атмосфера“.

— реклама —

Не се развлекува непотребно, секоја сцена има смисла. Ова е онаа серија кај што едвај чекаш следна епизода“, пишува еден гледач.

— реклама —

Друг додава: „Сите состојки за одлична авантура се тука. За љубителите на Game of Thrones – задолжително гледање!

Сепак, некои критичари сметаат дека ликoвите можеле да бидат подобро разработени, но дури и тие ја пофалуваат камерата, сценографијата и актeрската енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

netfliks-960x522-1

Тајра Бенкс го тужи Нетфликс: „Создадоа лажен и клеветнички наратив за мене“

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycge8kt3stces5DvsryS

(Видео) Џеј Ло во нова романтична комедија: Дел од публиката воодушевена, дел разочарана

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryhq7v3rn4vdep5WKrY1U

(Видео) Нетфликс ги поместува границите: Новата серија ги следи судењата и скандалите во реално време

Свет | пред 3 седмици

media-library0o8ddrjqk40s4FFIJNa

Последната сезона на „Емили во Париз“ се снима на Миконос

Магазин | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања