Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Шестмина загинаа во пад на хеликоптер во Кенија, меѓу нив и пратеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarytbm8sqq2pmd263aVMqL

Шест лица, меѓу кои и еден пратеник во парламентот, загинаа во саботата при пад на хеликоптер во западна Кенија, потврдија полициски и владини претставници.

— реклама —

Несреќата се случила во округот Нанди, во регионот Норт Рифт, а причините за падот засега не се познати, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Командантот на окружната полиција Самуел Мукуси за телевизијата Citizen TV изјави дека во несреќата загинале пилотот, пратеникот и уште четири лица.

— реклама —

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто, на социјалната мрежа Икс потврди дека станува збор за пратеникот Јохана Нгену од изборната единица Емуруа Дикир.

„Нашите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите, жителите на Емуруа Дикир и сите жртви и семејства погодени од падот на хеликоптерот во Мосоп, во округот Нанди“, напиша Руто.

Идентитетите на останатите патници сè уште не се објавени. Надлежните служби започнале истрага за утврдување на причините за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања