„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Сезоната непочната негативната кампањата за Охрид започна – зошто?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ohridski-region

Сигурно се сеќавате на насловите: Наезда на змии во Охрид, Охридското Езеро е загадено… и ред други вакви наслови. Сите објавени во месец мај различна година. Зошто некој упорно и медиумски сака да го нападне Охрид?

— реклама —

Годинава најнова вест која ја слушнавме е дека кафето во Охридските кафетерии ќе биде 350 ден. Кафичите неотворени некој им ги скрои цените. Зошто?

— реклама —

Низа негативни коментари денеска и на емисјата на национална телевизија на која водителот потенцира дека кафето ќе биде 350 ден.

https://www.facebook.com/111220626921688/videos/2677969259099126/?v=2677969259099126

Имено, согласно препораките на Владата се очекува овој период да се отворат угостителските објекти во земјава. Но, тие ќе мора да работат според одредени протоколи. Имено неофицијално ќе работат само отворените тераси,  масите ќе мора да бидат на растојание од над 2 метри, нема да смеат да седат повеќе од двајца/тројца гости на маса, а  бројот на гостите ќе зависи од квадратурата и слично. Но ова се само неофицијалните препораки, за тоа како ќе работат угостителските објекти официјално како ќе биде ќе соопштат од комисијата за заразни болести, кога ќе ги презентираат официјалните препораки.

Од познатата и омилена  на Охриѓани кафетерија ПЛАН Б велат:

-Чекаме официјално да дадат дозвола да ги отвориме објектите, а цените нема воопшто да поскапат од оние кои беа пред вонредната состојба. Цените во План Б ќе останат исти, категорични се од менаџментот од План Б.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски е човекот кој наназад постојано апелира, кризата ќе заврши а после да летуваме во Македонија.

– ПОТСЕТЕТЕ СЕ ШТО ЗНАЧИ ДОМА! Ќе го истражам Охрид на поразличен начин! Велосипед на Галичица, Посета на заливот на коските, ќе уживам во зајдисонцето од Канео , кафе на св.Наум, ѓомлезе во локален ресторан знаејки дека покрај убавите моменти помагам за зачувување на триесетина илјади работни места во туристичкиот сектор. Знам дека ќе видам многу пријатели кои ќе го направат истото во многу дестинации на Македонија. Потсетете се што значи Дома си е дома, вели Јаневски за Охрид 1.

 

 

 

И додека некој се мачи да го оцрни Охрид, оние кои навистина го сакаат веќе пристигнаа во Балканскиот Ерусалим. Денеска колони возила пристигнаа во Охрид. Охриѓани велат добредојдовте, Охрид вака го личи, раздвижен и со гости.

И секако на крајот да потсетиме дека денеска претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба овој пат во трање од 14 дена. Активни се сите мерки од Владата за носење заштитни маски и држење на дистанца. Почитувајте ги мерките на Владата и повелете во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања