Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Шилегов ја напушти дебатата на МТВ, по него од револт излезе и Камиказа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_6962.00_02_20_10.Still002

На среде дебата, кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, ја напушти дебатата која попладнево се снимала во МРТВ а се емитува вечерва. Дел од противкандидатите тоа го нарекоа „бегање од дебата“, но Шилегов го толкува поинаку. Заедно со него, емисијата ја напушти и Петар Георгиевски-Камиказа, во знак на револт. Како што рече Камиказа, снимањето било закажано од 11 до 14 часот денеска, така што посочи дека секој требало да го почитува тој термин и да си ги прилагоди обврските.

— реклама —

„Ако тој си отиде си одам и јас“, рече Камиказа, на што реагираше и водителот кој посочи: „Не, не, ние продолжуваме“. Но ова, не го убеди Камиказа да остане во студиото на МТВ и го напушти. По кратко време, се врати на дебатата.

Шилегов, во текот на емисијата неколку пати контактираше со водителот на кого му укажуваше дека снимањето на емисијата трае предолго, на што последно, тој му посочи дека има уште еден круг прашања по што може да си оди.

— реклама —

„Дебатата беше со почеток во 11 часот и траеше подолго од договореното, повеќе од два часа, каде јас се извинив на присутните бидејќи морав да се вратам на обврските како актуелен градоначалник, за разлика од останатите кандидати коишто ја немаат таа обврска во тек на работното време“, соопшти Шилегов откако се дозна дека тој ја напуштил емисијата.

Затоа што покрај заминувањето порано од снимањето, Шилегов сакаше да даде завршен збор, реагираше и Александар Тортески од „Твоја партија“, кандидат за градоначалник на Скопје.

„Вие не сте газда на оваа емисија. Ако имате потреба да одите, одете. Јас знам зошто останав. Имам голема обврска пораги група граѓани. Сакате да држите завршен збор бидејќи имате потреба да си одите“, рече Тортески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања