Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) Шилегов: Ксенофобичниот испад на наш сограѓанин кон туристите е срам за градот и за земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Korona-virus-turisti

На социјалните мрежи се појави видео направено од засега непознато лице, на кое може да се види и слушне како скопјанец вербално напаѓа група од неколку лица од азиско потекло во центарот на Скопје, на кејот на реката Вардар..

Лицето ја именува групата со „корона“, алудирајќи на вирусот кој се појави во Кина, ги псуе лицата и им порачува да се вратат во Кина.

— реклама —

Настанот го осуди градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Тој на ФБ напиша:

-Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е - град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.

Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни Скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.

Драги Скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи со насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот.

Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите !!!

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3142689579288952

— реклама —

Инаку ова е видеото на кое се гледа како туристи се нападнати од скопјенец, кој е срам за целата земја.

https://twitter.com/skopskipunisher/status/1222545132999905280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1222545132999905280&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25b7%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b1%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25ba%2F

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања