(ВИДЕО) Шилегов: Влае треба да биде пример за селекцијата на отпадот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ и Општина Карпош денеска почнаа пилот-проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, со којшто ќе бидат опфатени 500 индивидуални домаќинства од населбата Влае. Овие домаќинства ќе го селектираат својот комунален отпад на сува и влажна фракција.

— реклама —

-           Како што најавивме оваа есен, Градот Скопје продолжува со воведувањето нов концепт за третман на отпадот. Селектирањето на отпадот не е новина во нашиот град, но овде сега воведуваме селектирање на отпадот од домаќинствата. Денеска почнуваме нов пилот-проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата. За таа цел, во општината Карпош, во населбата Влае, на домаќинствата им се поделени 500 канти за селекција на отпадот, што ќе овозможи да го одвојат сувиот од влажниот отпад, со цел во текот на наредната година, во рамките на системот на ЈП „Комунална хигиена“, да почнеме со компостирање на комуналниот отпад. Затоа, апелирам до жителите на Влае одговорно да го одлагаат отпадот зашто успешноста на овој проект во голема мера ќе влијае на имплементацијата на овој концепт во целиот град – рече денеска градоначалникот Шилегов.

— реклама —

Тој упати благодарност до УСАИД кои обезбедија експертиза за спроведувањето на овој проект од областа на преработувањето на биоразградливиот отпад.

— реклама —

За потсетување, Градот Скопје годинава претстави целосно нов концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини. Градот набави 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа. Во соработка со „Пакомак“ беа обезбедени и 30 контејнери за селектирање отпад од 2.200 литри. Градот набави и 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери, 12 електрични машини за вакуумско чистење и 10 електрични возила за чистење и миење на јавните површини. Беа обезбедени и 950 корпи за џебен отпад што претставува зголемување за една половина од досегашните 1.750 корпи.

-           Градот Скопје сериозно инвестира и во комуналната инфраструктура и во човечките ресурси за одржување на хигиената, а засилен е и инспекцискиот надзор што значи и повеќе репресивни мерки. Нашата цел е овој град да биде и поубав и почист, онаков каков што сакаме да биде како негови граѓани – нагласи Шилегов.

На денешната презентација на пилот-проектот за селектирање на отпадот во Влае присуствуваа и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и независниот консултант и експерт од областа на преработувањето биоразградлив отпад од САД, Џеф Гејџ.

0xb9P9-g4Uc

фото и видео: Град Скопје

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања