Бура пропратена со оркански ветрови ја погоди Германија, што довело до откажување и одложување на возовите и авионите, а во невремето погинал 47-годишен маж кога врз неговиот автомобил паднало дрво во Бествиг, недалеку од Келн.
Дојче Бан денеска објави дека ги сопрело возовите во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, бидејќи неколку линии беа отсечени поради дрвјата кои паднаа на шините. Поединечни летови од аеродромот во Франкфурт, најпрометни во земјата, се откажани. Два авиони кои летале кон аеродромот Келн-Бон се пренасочени поради силниот ветер.
Германскиот метеоролошки завод предупреди дека се очекува бурата да потрае до доцна вечерва во западните и во централните делови на земјата, со ветрови кои се движат со брзина до 120 километри на час.
Во Дуизбург, за време на невремето се урна голем товарен кран кој заврши во Рајна.
Зоолошките градини во Дортмунд, Вупертал и Хам се затворени поради бурата, додека во Дуисбург се срушил товарен кран и делумно завршил во реката Рајна.